Правила и услови

Eskododoma.mk е онлајн супермаркет во сопственост на Друштво за производство, промет, услуги и трговија ЕШКО МАРКЕТ ДООЕЛ (во понатамошниот текст: ЕШКО МАРКЕТ).

Со овие Општи правила и услови за користење (во понатамошниот текст: Општи правила и услови) се дефинираат правата и обврските за користење на интернет платформата eskododoma.mk и нејзините услуги и функционалности. Трговијата преку eskododoma.mk претставува посебен начин на вршење на трговија преку интернет, овозможувајќи целосна онлајн нарачка, купување, плаќање и испорака нa производи преку eskododoma.mk до крајниот купувач.

Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи правила и услови:

  • Посетител на eskododoma.mk е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација и социјални медиуими пристапува на веб страната eskododoma.mk и ја разгледува понудата на производи на ЕШКО МАРКЕТ;
  • Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната eskododoma.mk нарачува и купува производи од понудата на ЕШКО МАРКЕТ.


За Посетителот/Купувачот кој ја користи платформата eskododoma.mk и стапува во деловен однос со ЕШКО МАРКЕТ се применуваат позитивните законски прописи во Република Северна Македонија од областа на електронска трговија, трговија, заштита на потрошувачите, заштита на личните податоци, како и овие Општи правила и услови.

Услови и правила за купување

eskododoma.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 700 производи достапни за достава истиот ден. Процесот за купување и достава на производите е објаснет подолу:

Направи избор на производи

Направете избор на саканите производи со додавање во кошничката. Количината може да ја одредите со притискање на копчето Додај во Кошничка (со што се додава едно парче или стандардната количина од производот) и дополнително да ја зголемите со пристикање на копчето Плус на истата страница или во самата кошничка. Количината може да се намали со притискање на копчето Минус на истата страница или во самата кошничка. Производите може да ги најдете користејќи го пребарувачот во горното мени или со листање низ категориите. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на ЕШКО МАРКЕТ. Купувачот може да ја откаже, дополни или измени нарачката во било кое време, пред да ја потврди порачката.

Производот/те се резервирани за испорака по добиената потврда од страна на Купувачот.

Избери термин за достава

По изборот на производи, преминувате КОН ПОРАЧКА каде ги внесувате вашите податоци. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, и при нарачката задолжителни се податоците за контакт, како и податоци за адресата за испорака. На истата страна избирате термин за достава и со внесување во полето ЗАБЕЛЕШКА си го наведувате терминот кога да се изврши доставата.

Примена нарачка

По извршената наплата, нарачката е примена и се подготвува за доставување. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата на електронската пошта која ја имате наведено, за потврда на нарачката. E-mail пораката содржи број и датум на нарачката, вид, количина, поединечна и вкупна цена на нарачаните производи, начин на плаќање, начин и време на достава и податоци за купувачот како и адресата за достава.

Доставуваме до вашиот дом

Подготвената нарачка ќе биде доставена во одбраниот термин на наведената адреса заиспорака. Цените на сите производи на eskododoma.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.

ЕШКО МАРКЕТ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на друштвото, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

ЕШКО МАРКЕТ гарантира дека секој производ објавен на интернет страницата eskododoma.mk има соодветна декларација согласно законските прописи. Производите кои се дел од одредена акција или се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини ќе бидат објавувани на неделно ниво.

ЕШКО МАРКЕТ го задржува правото да го измени времетраењето на секоја акција или промоција на производи во секое време.

Секој корисник сноси целосна одговорност за своите активности при користењето на eskododoma.mk . Исто така, секој купувач се согласува да го обештети и нема да го смета за одговорен ЕШКО МАРКЕТ, нејзините одговорни лица и вработените за сите побарувања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од противзаконското користење и прекршувањето на Општите правила и услови за користење на платформата eskododoma.mk од страна на купувач или друг корисник.

Регистрација на купувач

eskododoma.mk е интернет платформа кој може да ја користат сите физички и правни лица согласно овие Општи правила и услови. Купувањето преку eskododoma.mk е достапно за сите правни лица и за деловно способни физички лица. Во зависност од возраста на купувачот, за одреден тип на производи кои подлежат на посебни услови за продажба (алкохол, цигари итн.), ЕШКО МАРКЕТ го задржува правото да ја ограничи/спречи продажбата.

Купувачот кој сака да стане корисник на eskododoma.mk потребно е по одбирањето на производот/ите и нивно ставање во кошничката за купување, да ги внесе деталите за нарачка. Не е потребна регистрација за користење на страницата.

Правото на користење на eskododoma.mk е лично на купувачот и не е преносливо на кое било друго лице. Купувачот има право да ја користи платформата eskododoma.mk и производите/услугите обезбедени од ЕШКО МАРКЕТ само како краен корисник, за негова сопствена употреба. Овозможување на комерцијална употреба од страна на трети лица или препродажба на производите/услугите од страна на купувачот на трети лица со цел остварување на заработка за купувачот или за трето лице е забрането, освен доколку е склучен посебен договор со ЕШКО МАРКЕТ. Прекршувањето на оваа обврска ќе биде санкционирано согласно важечките прописи, при што ЕШКО МАРКЕТ има право веднаш да го прекине деловниот однос со купувачот и да го ограничи/прекине користењето на eskododoma.mk.

Начин на плаќање

Плаќањето за производите/услугите на ЕШКО МАРКЕТ купени преку eskododoma.mk може да се изврши на еден од подолу наведените начини:

  • Плаќање со платежна картичка при достава на нарачката; и
  • Плаќање во кеш при достава на нарачката.

Плаќање со платежна картичка при достава на нарачката на нарачаните производи е овозможено преку НЛБ Банка, при што поддржани се сите VISA, MasterCard, Maestro или Diners платежни картички, како и картичките од домашните брендови. Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата.

Достава

Производите нарачани преку eskododoma.mk ќе бидат испорачани на целата територија на Град Прилеп преку сопствениот систем на достава на ЕШКО МАРКЕТ или преку партнер за достава на адресата која е наведена во нарачката од страна на купувачот. Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект.

Прием на производи

Секој купувач е должен при преземање на производот, да го провери од евентуални физички оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува или е со различен квалитет/квантитет во однос на нарачаното.

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да го информира ЕШКО МАРКЕТ во рок од 30 МИНУТИ од приемот на производите. Во ваков случај, купувачот мора да му обезбеди на ЕШКО МАРКЕТ неспорни докази во однос на недостатоците, односно физичките оштетувања на производите и да овозможи враќање на производите во истата состојба во која биле примени.

Заштита на доверливи податоци и информации

ЕШКО МАРКЕТ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување.
ЕШКО МАРКЕТ се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на купувачот од веб страницата eskododoma.mk и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на личните податоци и други позитивни прописи од оваа област кои се на сила во Република Северна Македонија. Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители/купувачи на веб страницата eskododoma.mk се наведени во Политиката за приватност, која исто така е објавена на веб страницата eskododoma.mk. Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата или онлајн регистрација и како тие се користат.

Корисничка поддршка

Купувачите на eskododoma.mk имаат можност за постојана телефонска корисничка поддршка и советување за сите прашања поврзани со користење на eskododoma.mk секој ден од 09:00 до 21:00 часот. Доколку сака да оставари телефонски контакт со ЕШКО МАРКЕТ, посетителот/купувачот е потребно е да се јави на телефонскиот број оставен во контакт информациите Дополнително, Купувачите имаат можност да остварат контакт со ЕШКО МАРКЕТ испраќајќи e-mail на marketesko@gmail.com